shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Со одлука на ФФМ, и препорака на МВР: Работнички – Шкупи, в недела во Велес

Работнички претстојниот првенствен натпревар против Шкупи во рамките на 21.коло од Првата фудбалска лига на Македонија ќе го одигра в недела на Градскиот стадион во Велес. Со одлука на ФФМ, а по препорака на МВР, поради влошената безбедносна состојба во главниот град, натпреварот е пренасочен да се игра в недела, со почеток во 14 часот, во Велес, без присуство на публика.

Натпреварот ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид, а ќе му помагаат Жарко Тодоровски (Охрид) и Никола Божиновски (Скопје). Четврти судија ќе биде Фатон Мустафи (Тетово).

Делегат на натпреварот е Борче Мирчески од Тетово, а за контролор е одреден Ванчо Костенчев од Штип.