shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкупи, в недела, на арената „Филип Втори“

Фудбалскиот клуб Работнички, во консултација и со ФК Вардар, со оглед дека се поклопува терминот за одигрување на мечевите од 21.првенствено коло, одлучи својот натпревар против Шкупи да го одигра в недела (6.март), на арената „Филип Втори“, во редовниот термин за одигрување натпревари од Првата фудбалска лига на Македонија. Вардар одбра својот меч да го игра во вторник (8.март) со почеток од 14 часот, а со тоа се запазува и фактот мечевите на нашиот најголем стадион да не се играат во два последователни дена.

Претходно, нашиот тим в среда го очекува и гостување во Кочани, каде ќе го одигра првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија против Брегалница.