shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечкаровски ќе ја дели правдата на куп-натпреварот против Брегалница

Работнички в среда на Градскиот стадион во Кочани, со почеток во 14 часот, ќе го игра првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија против Брегалница. Денеска се одредени и официјалните лица за овој меч.

Натпреварот меѓу Брегалница и Работнички ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија на мечот ќе биде Никола Караколев од Штип.

За делегат на мечот е одреден Мехмет Абдиу од Тетово, а контролор е Ѓорѓе Гоцевски од Струмица.