shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Алтипармаковски: Да продолжиме победнички и со Металург

Работнички оствари триумф против Младост Царев Двор (2-1) во првото пролетно коло, а веќе в недела следи нов предизвик, гостувањето против Металург, кој иако е последнопласиран тим на табелата, апсолутно не смее да биде потценет. Тоа го напоменува и Марјан Алтипармаковски, кој беше стрелец на погодок од пенал против „царевите“.

„Добро е што победнички го отворивме пролетниот дел од шампионатот, но сега треба и да продолжиме во ист стил. Не очекува тежок натпревар на гости против Металург. Не смее да не залажува фактот дека тие се на дното на табелата, сепак, имаат млад и талентиран состав кој сигурно ќе даде се од себе за да остане непоразен. Но, ние сме подготвени за нов квалитетен меч, ги анализиравме добрите и лошите страни од претходниот дуел со Младост Царев Двор и ќе се потрудиме да бидеме на вистинско ниво против „металурзите“. Треба да ја задржиме концентрацијата на високо ниво во текот на целиот натпревар, нешто што не ни успеа на пролетната премиера“, вели Марјан Алтипармаковски.

Работнички ќе му гостува на Металург на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, в недела со почеток во 14 часот.