shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички е единствен клуб кој во сите четири пионерско-младински конкуренции ќе игра полуфинале на Куп

Работнички со пласманот на нашите младински екипи во полуфиналните натпревари од Купот на Македонија уште еднаш ја покажа својата моќ во младинска конуренција, како нова потврда за отворената определба на клубот огромен дел од нашиот фокус да биде ставен во работата со младите категории.

Работнички е единствениот клуб во Македонија кој обезбеди полуфинале во Купот во сите четири пионерско-младински конкуренции. А, според ждрепката која беше извршена во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, во полуфиналето во најатрактивната конкуренција – младинци, ќе се сретнеме со Вардар.

Во полуфиналето во кадетска конкуренција ќе играме со Академија Пандев,во пионерска конкуренција против Милано, а во конкуренција на помлади пионери ќе се сретнеме со екипата на Шкендија.

Првите натпреварите од полуфиналето се играат на 22/23. март, а реваншите на 12/13. април.

zdrepkata