shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Ристевски продолжува во унгарскиот Вашаш

Досегашниот фудбалер на Работнички и македонски репрезентативец, Кире Ристевски, кариерата ја продолжува во унгарскиот прволигаш Вашаш. Тој и официјално потпиша тригодишен договор со овој клуб и го напушта нашиот клуб, а Работнички му посакува многу среќа и успех во понатамошната кариера.

kire ristevski vasas

„Ристевски доби примамлива понуда од Вашаш и одлучи да ја прифати, а Работнички, како и секогаш, и овојпат му излезе во пресрет на фудбалерот кој има желба кариерата да ја продолжи во странство. Му благодариме на Кире за се што стори за Работнички и му посакуваме многу успех понатаму“, вели спортскиот директор, Иван Поповски.

Кире Ристевски замина со Работнички на подготовките во Анталија, но таму доби понуда за трансфер, кој е веќе успешно реализиран и тој веќе е член на Вашаш.