shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички поразен од Волфсбург (Б)

Работнички го доживеа првиот пораз на подготовките во Анталија. Тимот на Томислав Франц загуби со 2-1 од Б-тимот на германскиот бундеслигаш Волфсбург. И покрај поразот, нашиот тим одигра квалитетен меч и создаде неколку убави можности пред противничкиот гол.

rabotnicki - volfsburg - b 2

Во првото полувреме мрежите мируваа, но Јованоски и Маркоски се заканија кон голот на „волците“.

Волфсбург (Б) поведе во 64.минута со погодокот на Ел-Хелве, а Бобал во 79.минута зголеми на 2-0. Во овој период Работнички имаше убава можност преку Суад Сахити. Во завршницата, Елис Елмас во 85.минута го намали резултатот на 2-1, што на крајот беше и конечен епилог.

Тренерот Томислав Франц на овој дуел го изведе следниот тим: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Најдовски, Цикарски, Петровиќ, Трајчевски, Суад Сахити, Јовановски, Маркоски, Алтипармаковски. Уште играа: Најденов, Херера, Галиќ, Ристовски, Борха, Емир Сахити, Елмас.

Уште во десеттата минута од натпреварот, Милован Петровиќ, по еден дуел со противнички фудбалер заработи повреда на главата, но веднаш беше префрлен во болница, а по преврската е отпуштен и дозволено му е да продолжи со тренинзи уште во текот на утрешниот ден.