shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Најденов: Работнички е нов голем предизвик за мене

Работнички ја одработува првата фаза од зимските подготовки, а в петок тимот ќе отпатува за турската база Анталија, каде ќе продолжи со подготовките и ќе одигра пет пријателски натпревари. Новото засилување Бојан Најденов, кој дојде од Хоризонт Турново, вели дека е одлично прифатен во новата средина и на Работнички гледа како нов голем предизвик во кариерата. Еден од најдобрите играчи за врска во македонската Прва лига, му пристапи на нашиот клуб како замена за Стефан Вујчиќ, кој замина во редовите на Шкендија.

„Работнички е нов голем предизвик за мене во кариерата. Одлично сум прифатен и од соиграчите и од стручниот штаб и полека се привикнувам на новите методи на работа. Сепак, зад мене се шест години во Хоризонт Турново и потребно ми е малку повеќе време за да се адаптирам и во оваа средина. Но, во Работнички е се поставена на професионална основа, а покрај тоа веднаш го чувствувам и посебното дружење меѓу фудбалерите, кое од поодамна е одлука на овој клуб“, вели Бојан Најденов.

Играчот за врска е фокусиран на подготовките, сака да се наметне кај тренерот Томислав Франц, а преку Работнички „гледа“ и кон македонската фудбалска репрезентација.

„Најважно е да ме служи здравјето. Дојдов во Работнички како еден голем чекор напред во мојата кариера и секако дека ќе дадам се од себе за да се наметнам и да се изборам за место во тимот. Овој клуб редовно настапува на меѓународната сцена, игра една од водечките улоги во македонскиот фудбал и секако дека тука ќе бидам многу повеќе и на „око“ на селекторот. Мое е да играм најдобро што можам и да се наметнам, а секако дека моја голема желба е да го носам и дресот на фудбалската репрезентација на Македонија“, истакнува Најденов.