shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Капитенот Баже Илијоски потпиша нов договор со Работнички

Капитенот Баже Илијоски го продолжи договорот со Работнички, откако по долги преговори сепак успеа да најде заеднички јазик со раководството на клубот. Тој ќе стави потпис на нова двегодишна верност кон нашиот клуб и ќе го предводи тимот и во пролетниот дел од сезоната. Неговото останување дефинитивно е едно од најголемите засилувања за Работнички во овој зимски преоден рок, во кој како нови фудбалери пристигнаа и Бојан Најденов од Хоризонт Турново, како и младите хрватски фудбалери Иван Галиќ и Марко Пушкариќ.

„На двојно задоволство, успеавме да најдеме заеднички јазик со раководството на клубот и се договоривме за нова соработка. Останувам во Работнички и ќе го дадам мојот максимален придонес во борбата за нов излез на европската сцена и на крајот од оваа сезона“, изјави Баже Илијоски.

Тој е најдобриот стрелец во македонскиот шампионат по есенскиот дел од сезоната, со 13 постигнати гола.

Капитенот од денеска веќе е во тренажен процес со екипата која под раководство на шефот на стручниот штаб Томислав Франц ја одработува првата фаза од зимските подготовки. До 22.јануари тренинзите ќе се одвиваат на клупскиот комплекс во Скопје, а потоа екипата заминува на подготовки во Анталија, Турција.