shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Бојан Најденов потпиша двегодишен договор со Работнички

Бојан Најденов (24), досегашниот фудбалер на Хоризонт Турново, е нов член на ФК Работнички, откако денеска потпиша двегодишен договор со нашиот клуб. Тој веднаш го одработи и првиот тренинг со нашиот тим, ставајќи му се на располагање на тренерот Томислав Франц на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

„Потпишавме договор со Бојан Најденов. Тој е квалитетен, веќе докажан прволигашки фудбалер, кој треба да биде вистинско решение за позицијата во средниот ред, која досега му припаѓаше на Стефан Вујчиќ. Во наредните две години Најденов ќе го носи дресот на Работнички. Успеавме да најдеме заеднички јазик со раководството на Хоризонт Турново, кој направи гест во корист на играчот и му дозволи трансфер, иако имаше уште шест месеци од актуелниот договор“, вели спортскиот директор Иван Поповски.

najdenov 1

Бојан Најденов е третото засилување за ФК Работнички во овој зимски преоден рок. Претходно во нашиот клуб пристигнаа и двајцата млади хрватски фудбалери, Иван Галиќ и Марко Пушкариќ.

Натпреварувачкиот погон под раководство на шефот на стручниот штаб Томислав Франц веќе трет ден ја одработува програмата за подготовки на нашиот комплекс во Скопје, а на 22,.јануари тимот заминува за Анталија, Турција, каде ќе одигра пет подготвителни натпревари.