shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Под палката на Томислав Франц стартуваа активностите во 2016 година (ФОТО)

Под палката на новиот шеф на стручен штаб, Томислав Франц, нашиот клуб ги стартуваше активностите во 2016 година.

Работнички ја имаше првата прозивка пред стартот на активните зимски подготовки на која се појавија сите планирани играчки сили за пролетниот дел од сезоната, со исклучок на браќата Сахити кои, со одобрение од стручниот штаб, беа оправдано отсутни. Од стартот на подготовките се приклучија и новите засилувања од Хрватска, Иван Галиќ и Марко Пушкариќ.

Успешно продолжение на сезоната на фудбалерите им посака спортскиот директор на клубот Иван Поповски, како и новиот тренер Томислав Франц.

Rabotnicki prozivka 2

„Посакувам успешна 2016 година за ФК Работнички, кој и во годината која претстои треба да ги оправда очекувањата и на сите наши навивачи но и на целокупната домашна фудбалска јавност. Сигурно, за да дојдеме до тоа неопходни се голем труд и залагање буквално од секој поединец во клубот. Но, знам дека сите ние сме подготвени за тоа што не очекува“ – истакна Франц во првото свое обраќање до фудбалерите.

Во првата фаза од подготовките Работнички ќе работи во Скопје, а потоа, на 22. јануари се заминува за Анталија, Турција, каде ќе се остане до 3. февруари. Во Анталија ќе бидат одиграни и пет пријателски натпревари, против романскиот прволигаш Волунтари, чешкиот прволигаш Сигма Оломуц, ФК Алтин Асир од Туркменистан, Б тимот на германски Волфсбург и унгарскиот Диошѓер.

Rabotnicki prozivka 3

Rabotnicki prozivka 4