shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

На 8.јануари почнуваат зимските подготовки

Сениорскиот тим на Работнички на 8.јануари ќе означи почеток на зимските подготовки. Новиот шеф на стручниот штаб Томислав Франц првата прозивка ќе ја изврши во клупските простории во 12 часот, по што ќе биде одржан и првиот тренинг.

Програмата е веќе утврдена, првиот дел од зимските подготовки ќе се одвива во Скопје, на своето игралиште, а на 22.јануари тимот ќе замине во Анталија, каде ќе биде реализирана втората фаза.

„На 8.јануари, точно напладне, почнуваме со работа. Ќе ја извршам првата прозивка, а потоа и ќе го одржиме првиот тренинг. Планот е веќе подготвен, ќе работиме во Скопје две седмици, а потоа ќе заминеме во Анталија, каде ќе одиграме неколку подготвителни натпревари. Целта е јасна, треба максимално да се подготвиме за пролетните искушенија“, вели тренерот Томислав Франц.

Работнички во овој преоден рок досега ангажираше две засилувања, младите хрватски фудбалери, Иван Галиќ и Марко Пушкариќ.