shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Потпишани тригодишни договори со Хрватите Галиќ и Пушкариќ

Хрватите Иван Галиќ и Марко Пушкариќ се нови играчи на Работнички, потпишувајќи денеска официјално тригодишни договори со нашиот клуб.

Се работи за исклучително талентирани млади фудбалери кои доаѓаат од хрватскиот второлигаш Лучко, а претходно ги минале сите младински категории на Динамо Загреб, односно Локомотива Загреб.

„Продолжуваме со нашата стратегија за ангажман на млади играчи, со нескриен потенцијал. Се работи за талентирани фудбалери кои ни доаѓаат од Хрватска, па искрено се надеваме дека својот потенцијал, според очекувањата на сите нас, ќе го демонстрираат и во Македонија“ – истакна по официјалното потпишување на договорите, спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.

Марко Пушкариќ е роден на 07.04.1997 година и игра на позицијата – централен напаѓач. Ги минал сите младински категории на Динамо Загреб, а изминативе шест месеци настапуваше за Лучко.

Marko Puskaric

Иван Галиќ, пак, е роден на 09.01.1995 година и е крилен играч. Потекнува од школата на Локомотива Загреб, а последните шест месеци играше за второлигашот Лучко.

Ivan Galic

И за двајцата Работнички ќе претставува прво интернационално искуство.