shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Во Работнички е секогаш весело: Ветераните со песна ја заокружија успешната 2015 година

Ветераните на ФК Работнички традиционално и оваа година на новогодишна дружба во клупскиот ресторан. 2015 година е беше повеќе од успешна за Работнички на резултатски план, клубот имаше одлична европска одисеја, а го освои и Купот на Македонија.

Асоцијацијата на фудбалските ветерани на ФК Работнички исто така имаше низа активности во изминатата година, играјќи пријателски натпревари со клубови од Бугарија и од Србија. Со убави спомени за изминатава 2015 и со многу желби за уште поуспешна 2016, ветераните со заедничко дружење ја заокружија оваа година.

veterani nova godina 2

veterani nova godina 1