shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Вториот дел од зимските подготовки ФК Работнички ќе го одработи во Анталија

ФК Работнички стартот на зимските подготовки ќе го означи на 8.јануари, со првата прозивка на новиот шеф на стручниот штаб Томислав Франц, а вториот дел од планираната програма, од 22.јануари до 3.февруари ќе го реализира во турската база Анталија.

Договорени се сите детали за престојот во Анталија, каде експедицијата на ФК Работнички ќе отседне во хотелот „Мирикл ресорт“, каде ќе ги има сите потребни услови за одлични подготовки. Можни противници на Работнички, кои во овој период исто така ќе се наоѓаат на подготовки во овој туристички центар, ќе бидат ЛАСК (Австрија), Дебрецен (Унгарија), Волунтари (Романија), Јихлава (Чешка), Словачко (Чешка), Стеауа (Романија) и Сигма Оломук (Чешка).

Во наредниот период, во зависност од желбите на тренерот Томислав Франц, како и слободните термини на овие клубови, и дефинитивно ќе бидат утврдени противниците со кои ФК Работнички ќе спарингува во текот на својот престој и подготвителниот период во Анталија, Турција.

miracle 1

miracle 4

miracle 3

miracle 2