shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маркоски: Головите против Трабзон и против Северна Ирска ми ја одбележаа годината

Фудбалскиот клуб Работнички во своите редови го има најдобриот млад фудбалер за сезоната 2014/15, Кире Маркоски. Тој синоќа во МНТ ја доби својата заслужена награда, за одличните игри во дресот на клубот, но и на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, во изминатиот период.

Кире е скромно момче, секогаш потенцира дека тимот е заслужен за индивидиуалните награди во фудбалот, па оваа своја награда секако ја споделува и со соиграчите од ФК Работнички и од националната селекција.

markoski nagrada

„Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за наградата, навистина многу ми значи, и ќе биде биде еден дополнителен потстрек за понатамошен напредок и докажување. Би сакал да потенцирам дека големи заслуги за неа имаат и моите соиграчи од ФК Работнички и од репрезентацијата до 21 година“, вели Маркоски, и се потсетува на своите најдобри моменти од годината што изминува.

markovski-vnatre„Ако треба да издвојам, тоа секако се двата гола кои донесоа многу важни победи. Голот против Трабзонспор во Турција, во продолженијата, кога израмнив на 1-1, резултат со кој Работнички го елиминираше моќниот турски клуб во квалификациите за Лигата на Европа. Подеднакво драг ми е и победничкиот погодок за младата репрезентација на Македонија, во триумфот над Северна Ирска (1-2). Се надевам дека и во иднина ќе ги има уште повеќе, и уште поважни погодоци. Во глобала, имав успешна година, во која ме заобиколија повредите, што секако е најважно. Токму претходната сезона се мачев со повреди, а оваа се вратив на најдобар можен начин“, истакнува левокрилниот напаѓач.

Завршува 2015 година, а тој има желби и планови и за следната, секако поврзани со фудбалот и ФК Работнички.

kire markoski reprezentacija 555

„Имавме успешен настап на европската сцена, одлично туркаме во Купот на Македонија, а имавме мала криза во македонскиот шампионат. Но, на крајот од есенскиот дел од шампионатот сме четврти на табелата, и се надевам дека ќе успееме да ја реализираме целта на клубот, да избориме излез во Европа и следното лето. Лично, посакувам да ме служи здравјето, и да има што е можно подобри игри и повеќе голови“, вели најдобриот млад фудбалер на Македонија, Кире Маркоски.