shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК Работнички промовиран во Јапонија

Нашиот фудбалски клуб имаше одлична промоција во далечната Јапонија, пред потенцијални спонзори и инвеститори, кои покажаа одреден интерес за спонзорирање на ФК Работнички. За оваа цел од клубот беше овластен македонскиот фудбалски ас Бобан Бабунски, кој дел од својата кариера мина токму во Јапонија. Промоцијата се изврши во Токио, а ФК Работнички беше промовиран како еден од најуспешните македонски фудбалски клубови со забележителни резултати на европската сцена.

rabotnicki japonija 3

„Драго ни е што ФК Работнички имаше одлична промоција во далечната Јапонија, пред потенцијални спонзори и инвеститори. За таа цел клубот го овласти Бобан Бабунски, кој во текот на својата фудбалска кариера стекна пријателства и има добри релации во оваа земја. Јапонските спонзори се заинтересирани за инвестирање во македонскиот фудбал и во наредниот период ќе следуваат и подетални разговори на оваа тема. Доколку се случи една ваква соработка, тогаш ФК Работнички би станал финансиски уште постабилен клуб и би можел полесно да ги оствари своите цели и амбиции во македонскиот шампионат, но и на меѓународната сцена. Во наредните денови очекуваме дел од овие спонзори и инвеститори од Јапонија да пристигнат во нашата земја и разговорите да продолжат на повисоко ниво. Инаку, овие разговори течат веќе еден месец, со надеж дека ќе прераснат во еден нов поголем фудбалски проект“, вели претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

rabotnicki japonija 4

rabotnicki japonija 5

rabotnicki japonija 2