shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Цикарски: Дербито со Вардар секогаш буди екстра мотиви

По вториот триумф над Силекс и пласманот во полуфиналето на Купот на Македонија, Работнички се фокусира на саботното градско дерби против  Вардар, кое овојпат ќе се игра на стадионот во Велес, поради недостапност на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Левиот бек Мите Цикарски вели дека соседското дерби секогаш буди екстра мотиви. Тој се надева на добра игра и позитивен резултат против „црвено-црните“ на саботниот дуел.

„Вардар е актуелен првак и лидер на табелата и секако дека заслужува максимален респект. Но, дуелите против „црвено-црните“ секогаш носат екстра мотиви кај нас. Верувам дека ќе одиграме квалитетен меч и дека можеме да стигнеме до позитивен резултат“, најавува Цикарски.

На првиот меѓусебен меч во шампионатот оваа сезона, Работнички загуби од Вардар (1-2) со голот на Горан Попов во последните моменти од средбата.

„Имавме неколку несреќни мигови во тој период од сезоната, примивме погодоци во завршните моменти, несреќно загубивме и на тој меч со Вардар, па се надеваме дека веќе на претстојниот дуел ќе ја заслужиме и фортуната на наша страна“, вели Цикарски.