shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Противникот за полуфиналето во Купот ќе го дознаеме в понеделник

Работнички се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија, а противникот кој ќе претставува пречка пред финалето ќе го дознаеме в понеделник. На 7 декември, со почеток во 12 часот, во салата за прес – конференции во „Куќата на фудбалот“ ќе се одржи ждребот за полуфиналните двојки.

Можни ривали на Работнички се Шкендија, Брегалница и Хоризонт Турново. Полуфиналните дуели ќе се играат напролет.