shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички е најдобар македонски клуб на вечната листа на УЕФА

УЕФА оваа сезона одбележува 60 години од постоењето на поранешниот Куп на европските шампиони, односно актуелната Лига на шампиони.

Во рамките на бројните манифестации околу одбележувањето на најквалитетното европско клупско натпреварување, од Европската куќа на фудбалот ја објавија и листата на сите клубови од Европа кои од 1955 година па до 2015 година биле дел од Купот на европските шампиони или Лигата на шампионите.

На оваа листа на најдобрите европски клубови, убедливо најдобра македонска екипа е ФК Работнички која е на 173. место на рангирањето на УЕФА меѓу вкупно 486 клуба на листата. Работнички е со 12 поени на листата, пред голем број славни европски екипи. Работнички има четири учества во ЛШ, притоа со 14 одиграни натпревари од кои три победи, шест нерешени и пет порази, и со гол разлика од 15-13.

Сето ова нашиот клуб го прави најдобриот меѓу досегашните македонски партиципиенти во Лигата на шампионите, пред Вардар кој е на 186. место и Слога Југомагнат која е на 279. место. Од останатите македонски екипи следат Силекс на 318. место, а потоа и Победа на 359. место, Македонија ЃП на 437. место, Шкендија на 447. место и Ренова на 448. место.

Најдобар клуб учесник во Лигата на шампионите во Европа е Реал Мадрид на првата позиција, пред Баерн Минхен, Барселона, Манчестер јунајтед и Милан.