shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Сахити: Комплетни и мотивирани за триумф против Шкупи

Претстојниот викенд продолжува првенството во Првата лига, а Работнички в недела (13 часот) на домашен терен го пречекува Шкупи. Тоа е дуел на третопласираниот и четвртопласираниот тим на табелата, а Суад Сахити се надева дека по него, „романтичарите“ ќе се одлепат и ќе се зацврстат на позицијата зад Вардар и зад Шкендија.

„Имавме доволно време за да се консолидираме, што секако ни беше многу важно по периодот во кој не мачеа многу повреди. Сега сме комплетни и максимално сме мотивирани за дуелот против Шкупи. Посакуваме триумф и три бода со кои ќе се зацврстиме на третата позиција. Го респектираме противникот, се работи за екипа која е пријатно изненадување во овој дел од шампионатот, но мислам дека сме поквалитетни и доколку го покажеме тоа и на теренот, тогаш не би требало да има проблеми за освојување на бодовите“, вели Суад Сахити.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи ќе се одигра в недела на арената „Филип Втори“, со почеток во 13 часот.