shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички е големо семејство: Тренерскиот „самит“ носи нови идеи

Работнички е едно големо семејство, клуб во кој сите меѓусебно се почитуваат, но и учат еден од друг. Нема разлики дали е во прашање сениорскиот тим, или пак пионерско – младинската школа, тренерите секогаш си разменуваат искуства, а оттука произлегуваат и нови идеи. Таква беше и на денешната дружба во клупскиот ресторан, каде тренерите заедно со спортскиот директор Иван Поповски и генералниот секретар Ненад Монев имаа нова средба.

„Ваквите средби не зближуваат, но и носат многу нови идеи, размена на искуства. Ова секако ни е потребно за подобро функционирање во сите сегменти. Средбите практикуваме да се случуваат што е можно почесто, затоа што така имаме и целосен увид во настаните и од пионерско – младинската школа, но и се црпат искуствата од сениорскиот состав“, вели спортскиот директор, Иван Поповски.

Во отсуство на Игор Ангеловски, кој денеска имаше одлично деби како селектор на македонската фудбалска репрезентација, тренинзите ги предводи Томислав Франц. Во првиот тим, но и во школата се и Баже Лазаревски, Драги Стојановски, Марјанчо Андрески, Драги Атанасовски, Горан Станковски, Влатко Спасовски, Дејан Цветковски…