shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Дојдовме на позицијата што ни беше зацртана

Работнички оствари убедлив триумф (0-3) против Младост Царев Двор на гостувањето во Охрид и се искачи на третата позиција на табелата. Тоа е местото кое и беше проектирано пред самиот почеток на шампионатот, како посакувано за клубот од Градски Парк, со оглед на конкуренцијата, но и исцрпувачките настапи во квалификациите за Лигата на Европа, каде нашиот тим имаше повеќе од забележителни настапи и резултати.

Тренерот Игор Ангеловски е задоволен од двете последни победи и се надева дека сега Работнички влезе во победничка серија, која посакува да продолжи и в недела во Кратово.

„Одигравме квалитетен меч во Охрид против Младост Царев Двор и остваривме значајна победа. Со шесте бода во низа, се искачивме на третата позиција и тоа е местото што ни беше проектирано пред самиот старт на сезоната, кое носи повторно во Европа. Знаејќи дека не следеа многу повреди, а секако се почувствува и одреден замор во екипата, сега можеме да бидеме задоволни од пласманот, иако неколку бодови ни ’избегаа’ во последните мигови. Верувам дека сега влеговме во посакуваниот ритам и дека ќе продолжиме со квалитетни игри и во шампионатот и во четвртфиналето на Купот на Македонија. Следен предизвик е Силекс и во првенството в недела, но и како ривал во Купот. Очекувам да продолжиме во позитивен стил“, вели Игор Ангеловски.