shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Цикарски ја пропушта Ренова, но се враќаат Илиевски, Сахити и Митров

По несреќното реми (2-2) против Хоризонт Турново, кога Работнички испушти победа во последните моменти од мечот, следи нов првенствен предизвик за нашиот тим. Утре (13.30 часот) „романтичарите“ на арената „Филип Втори“ ја пречекуваат Ренова. И повторно тимот нема да биде комплетен, затоа што ќе отсуствува Мите Цикарски, кој заработи непријатна повреда и нема да биде во комбинација за настап. Сепак, има и поволен здравствен момент, со оглед дека во тимот се враќаат Милан Илиевски, Суад Сахити и Иван Митров.

„На мечот со Хоризонт Турново испуштивме победа во последните моменти. Но, во фудбалот нема враќање назад, веќе гледаме кон следниот меч, утре против Ренова. Ќе го немаме на располагање Мите Цикарски, кој заработи непаријатна повреда и „осум конци“, па ќе мора да паузира одреден период. Сепак, конкуренцијата се зголемува со враќањето на Милан Илиевски, Суад Сахити и Иван Митров. Тие влегоа во тренажен ритам и ќе конкурираат за составот на утрешниот меч“, информира шефот на стручниот штаб, Игор Ангеловски.

Надвод од комбинација се уште се и Горан Силјановски и Леон Најдовски.

По 11 одиграни кола, со еден одигран меч помалку против Младост Царев Двор, Работнички се наоѓа на шестата позиција на табелата, со 12 освоени бода.