shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Фокусот е насочен кон позитивен резултат во Турново

Работнички утре (13.30 часот) ќе ги одмери силите против домашниот тим на Хоризонт Турново, во рамките на 11.коло од Првата фудбалска лига. По ремито без голови против Брегалница (0-0) дома, сега тим – менаџерот Игор Ангеловски и фудбалерите ќе се обидат да освојат бодови на ова тешко гостување на стадионот „Кукуш“. Тимот и понатаму не е комплетен поради поголемиот број повредени и недоволно подготвени фудбалери за настап, но шефот на стручниот штаб очекува сите што ќе настапат да го дадат својот максимум.

„Не очекува тешко гостување во Турново. Хоризонт е квалитетен тим, а посебно добри игри бележи пред домашните навивачи. Максимално сме фокусирани на овој дуел и иако повторно нема да бидеме комплетни, се надеваме на позитивен резултат. Очекувам тежок и неизвесен натпревар, но и квалитетна игра на Работнички. Посакуваме да се вратиме непоразени од ова гостување“, истакнува тренерот Ангеловски.