shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Мечот со Брегалница е исклучително важен, со триумф се качуваме кон врвот

По паузата поради репрезентативните обврски, тимот на Работнички е повторно комплетен, а фокусот секако е насочен кон саботниот првенствен натпревар против Брегалница. Иако се уште има проблеми со повредени фудбалери, тренерот Игор Ангеловски се надева на добро издание на својот тим, потенцирајќи дека мечот против штипјани има исклучителна важност.

Триумф над Брегалница ќе значи и искачување кон врвот на табелата во македонскиот шампионат.

„Натпреварот со Брегалница за нас има голема важност. По репрезентативната пауза се вративме комплетно на клупските обврски и сега сме максимално фокусирани и подготвени, надевајќи се на нов успех. Со триумф над штипскиот прволигаш ќе направиме голем чекор напред кон горниот дел од табелата и токму затоа овој дуел за нас е навистина значаен. Имаме одредени проблеми со повредите, меѓутоа ќе играат оние што се максимално подготвени и сигурен сум дека ќе го дадат својот максимум за да стигнеме до три бода. На стартот од шампионатот загубивме во Штип, Брегалница е квалитетен тим, но јас верувам во своите фудбалери“, истакнува шефот на стручниот штаб.