shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Победа над Металург (2-0) за чекор нагоре

Работнички оствари заслужена победа (2-0) над Металург во рамките на 9.коло од Првата фудбалска лига. Со подобра игра во текот на целиот натпревар, избраниците на тренерот Игор Ангеловски успеаја да постигнат два погодоци и да прокнижат нови три бода, со кои направија и чекор нагоре на првенствената табела.

rabotnicki - metalurg ilijoski
Иако „романтичарите“ создадоа неколку шанси и претходно, Работнички дојде во водство на самиот истек од првото полувреме. Мите Цикарски од пенал го отвори резултатот.

На самиот старт од второто полувреме, Баже Илијоски зголеми на 2-0, а потоа не успеа да реализира уште еден удар од белата точка, погодувајќи го дирекот од голот на Металург.

РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ 2-0 (1-0)
Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Цикарски 45’ пен., Илијоски 48’ (Раб). Ж. картони: Херера (Раб), Илиевски, Ангелов, Митревски (Мет). Ц. картон: Илиевски (Мет).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Најдовски, Ристевски, Херера, Цикарски, Петровиќ, Трајчевски, Сахити (55’ Ристовски), Маркоски, Алтипармарковски (89’ Елмас), Илијоски (90’ Јованоски).

МЕТАЛУРГ: Димовски, Ѓоргиевски, Митревски, Кривањева, Каранфиловски (63’ Лескоски), Илиевски, Бакрачески (68’ Ј. Наумоски), Станчески (56’ Стојаноски), Даноски, Б. Наумоски, Ангелов.