shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елиф Елмаз потпиша договор со Херенвен

Раководството на Работнички со својата добро позната стратегија со која им овозможува на своите најталентирани играчи уште од рана возраст да обезбедат трансфер во странство. Најнов пример за тоа е 16-годишниот Елиф Елмаз, за кого е постигнат договор за преселба во редовите на холандскиот прволигаш Херенвен, каде ќе има можност за дополнителен фудбалски развој.

„Уште еден наш млад фудбалер потпиша договор со странски клуб. Елиф Елмаз потпиша за Херенвен, клубот Работнички и самиот фудбалер се задоволни од условите, а дел од договорот е тој да остане да настапува за нашиот тим се дододека не стане полнолетен, поточно до октомври 2017 година. За трансферот е заслужен и скаутот на Херенвен, Драган Путевски – Пап, кој долги години работи на холандскиот фудбалски простор. Од Херенвен две години го следеа Елмаз и тој неколку пати беше тестиран на турнири во дресот на холандскиот клуб, задоволи при тие настапи и го осигура овој трансфер“ – цели претседателот Драган Поповски.