shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Лош старт на шампионатот, пораз во Штип

Работнички со пораз го стартуваше новиот шампионат на Македонија. Иако нашиот тим беше поблиску до триумфот, а од 60.минута играше и со играч повеќе на дуелот во Штип, сепак, дозволи во самата завршница да прими гол и да остане без бодови на гостувањето против Брегалница.

Деан Митрев во последните мигови од мечот го постигна победничкиот погодок за штипскиот прволигаш, откако претходно Работнички имаше неколку одлични шанси, преку Алтипармаковски, а потоа и Баже Илијоски.

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)

Градски стадион во Штип. Гледачи: 3.000. Судија: Горан Спиркоски. Стрелец: Митрев 90’ (Брегалница). Ж. картони: Захов, Стојанов, Здравков, Тонев, Никовски (Бре), Алтипармаковски, Илијоски (Раб). Ц. картон: Тонев 60’ (Бре).

БРЕГАЛНИЦА: Захов, Станковиќ, Тонев, Митрев, Блажевски, Стојанов, Христов, Велковски (50’ Никовски), Здравков, Ристовски (82’ Илиев), Мишев (50’ Нацев).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Трајчевски, Петровиќ, Јовановски (68’ Вујчиќ), Алтипармаковски, Митров (63’ Илијоски), Маркоски, Анене (75’ Цикарски).