shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илијоски: Жалиме за пропуштената историска шанса

Капитенот на Работнички, Баже Илијоски, не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Рубин на последното скалило пред пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

„Останува моето мислење дека имавме голема шанса да се пласираме во групите од Лигата на Европа и да обезбедиме историја“ – изјави Илијоски, притоа осврнувајќи се на самиот натпревар.

„Во првиот дел Рубин беше подобар, создаде неколку шанси, а ние го имавме одличниот Божиновски на голот. Имав и јас одлична можност во првото полувреме со глава, но не реагирав најдобро. Во второто полувреме ги притиснавме обидувајќи се да израмниме. Чума Анене имаше шанса, но не погоди. Имаше и пенал над мене. Не сакав да паднам, туку бев удрен од противникот. Тоа не треба се сфати како алиби сега. Како и да е, одиме понатаму знаејќи дека го дадовме максимумот. Но, верувајте, има за што да жалиме“ – истакна напаѓачот.