shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Загубивме, но не разочаравме

Тим менаџерот на Работнички, Игор Ангеловски на прес-конференцијата по дуелот со Рубин потенцираше дека не може да биде незадоволен од залагањето на фудбалерите кои, и покрај поразот и елиминацијата, не разочарале на реванш средбата од плејоф – колото за Лигата на Европа.

„Горд сум на моите фудбалери. Загубивме, но не разочаравме. Му честитам на Рубин за пласманот во групите од ЛЕ. Во првото полувреме противникот беше многу подобар, постигна гол иако Божиновски беше одличен на нашиот гол. Во второто полувреме притиснавме, имавме желба за израмнување, имавме и одлична можност преку Чума Анене, но не ја искористивме. Но, уште еднаш ќе потенцирам дека фудбалерите на Работнички оваа сезона одлично одиграа на европската сцена. За разлика од руските екипи ние немаме мултимилионски буџет. Ние произведуваме фудбалери и ги продаваме во Европа“ – изјави Игор Ангеловски.