shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Победивме голем клуб и многу силен тим

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Игор Ангеловски, не го криеше задоволството откако нашиот клуб приреди вистинска сензација со елиминацијата на Трабзон.

„Работнички уште еднаш покажа дека знае да игра на европска сцена, победивме голем противник, еден невидено моќен клуб. Во овие среќни моменти кои ги имаме малку во нашиот македонски фудбал треба искрено да се радуваме. Неверојатно сум горд на моите фудбалери, среќен поради се она што прикажавме во Турција, а тоа е фудбалска земја која на крајот знаеше и со аплауз да го награди нашиот тим. Мислам дека во двата меча, иако игравме со голем клуб како Трабзонспор, покажавме многу повеќе од ривалот кого секако многу го респектираме и заслужено одиме во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на Европа“ – изјави Игор Ангеловски.