shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Трабзонспор е фаворит, но ние имаме предност од Скопје

Шефот на стручниот штаб, Игор Ангеловски, е оптимист дека Работнички со ново добро издание против Трабзонспор може да оствари резултат кој ќе го одведе нашиот тим во четвртото квалификациско коло за Лигата на Европа.

„Доаѓаме со предност од 1-0, но и покрај тоа го респектираме Трабзон и му ја препуштаме фаворитската улога. Тоа не значи дека ќе се предадеме, напротив, ќе сториме се за да оствариме уште еден историски успех за нашиот клуб. Играчите се подготвени да го дадат и последниот атом од силите за да оствариме уште еден позитивен резултат. Работнички има свој стил на игра во последните две години, без разлика дали се работи за домашното првенство или за европската сцена. Ќе се трудиме да го наметнеме, имаме подготвено противодговор за секоја стратегија на Трабзон. Не знам дали ќе нападнат веднаш и ќе тргнат во офанзива од првата минута, но верувам дека моите играчи знаат како треба да одговорат“ – изјави Ангеловски на прес-конференцијата во Турција во пресрет на утрешниот дуел.