shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Фудбалерите се запознаа со „А. Ле Кок“ арената во Талин

Работнички денеска на „А.Ле Кок арена“ во Талин го одржа единствениот тренинг пред утрешниот прв меч против Флора Талин, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Избраниците на тренерот Игор Ангеловски се запознаа со условите за игра, а тој очекува да се претстават во добро издание и да извлечат позитивен резултат.

rabotnicki estonija 4

rabotnicki estonija 6
„Максимално сме мотивирани, Европа е секогаш голем предизвик за Работнички и со таков елан влегуваме и на првиот меч против Флора Талин. Го респектираме противникот, нема да биде лесно, посебно не на овој прв дуел во Талин, но подготвени сме за надигрување. Работнички на секој натпревар игра на победа, отворено и со нагласени амбиции, и така ќе биде сигурно и овде во Естонија. Верувам во моите играчи и се надевам дека ќе оствариме поволен резултат, што воедно ќе ни ја олесни и задачата за реваншот во Скопје“, вели Игор Ангеловски.