shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трет триумф во Словенија: Работнички подобар од хрватскиот прволигаш Сплит (2-1)

Фудбалерите на Работнички дојдоа и до третата победа на третиот пријателски натпревар за време на своите подготовки во Словенија.„Романтичарите“ денеска славеа против хрватскиот прволигаш Сплит по пресврт со 1-2. По мирното прво полувреме сите погодоци беа во вториот дел. Најпрво Хрватите поведоа во 65. минута, а потоа Работнички со два гола во 77. минута на Чума Анене и во 84. минута на Емир Сахити стигна до триумфот.

Претходно, како што е познато, со идентични 1-0, Работнички ги совлада екипите на Целје и Интер Запрешиќ.

На денешниот натпревар против Сплит, Работнички настапи во следниот состав: Ефремов, Силјановски, Цикарски (80’ Ристовски), Илиевски, Ристевски, Вујчиќ (75’ Емир Сахити), Трајчевски (46’ Петровиќ), Алтипармаковски (60’ Митров), Суад Сахити (60’ Јовановски), Илијоски (75’ Маркоски), Чума (80’ Најдовски).

Ривалот на Работнички, тимот на Флора Талин, денеска одигра пријателски натпревар против Норчепинг и загуби со 0-1.