shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички го доби ривалот во Лигата Европа: Естонскиот тим Флора Талин е првата пречка

Работнички го доби ривалот во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тоа е Флора Талин од Естонија. Во минатото, имаме пријатни спомени од дуелите со естонски тимови.

Работнички првиот меч ќе го игра како гостин, а реваншот ќе го има на домашен терен, на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Првите натпревари од првото квалификациско коло во Лигата на Европа се на програмата на 2 јули, додека реваншите се седум дена подоцна.

dvojki 2.kolo

Работнички во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу бугарскиот Литекс или Јелгава (Летонија). Сепак, прво ќе треба да се мине естонскиот тим Флора Талин.