shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Втор триумф во Словенија: Совладан Интер Запрешиќ (1-0)

Работнички ја оствари и втората победа на подготовките во Словенија, во пресрет на настапот во квалификациите во Лигата на Европа. По вчерашниот триумф над словенечкиот вицепрвак Целје со 1-0, денеска со идентичен резултат „романтичарите“ го совладаа и новиот хрватски прволигаш Интер Запрешиќ. Стрелец на победничкиот погодок овојпат беше Мирослав Јовановски, со одличен удар од 25 метри во 65.минута од средбата.

Тоа што посебно импонира е сигурната игра во одбраната, со оглед дека Работнички летово остана без стоперот Дарко Велковски кој се пресели во Вардар. Но, на негово место е ангажиран репрезентативецот Кире Ристевски, а на тимот се приклучи и младиот Леон Најдовски од Македонија ЃП.

Работнички на денешниот тест со Интер Запрешиќ настапи во следниот состав: Божиновски, Силјановски, Петровиќ, Илиевски (80’ Најдовски), Ристевски, Суад Сахити (65’ Маркоски), Вујчиќ (80’ Ристовски), Трајчевски (46’ Јовановски), Митров (46’ Цикарски), Алтипармаковски (65’ Емир Сахити), Илијоски (80’ Мерсовски).