shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички потпиша четиригодишен договор со Леон Најдовски

Работнички потпиша договор со 20-годишниот дефанзивец на Македонија ЃП, Леон Најдовски. Тој треба да ја засили конкуренцијата во одбраната по заминувањето на Дарко Велковски, кој пред два дена се пресели во редовите на Вардар.

Најдовски потпиша четиригодишен договор со Работнички. Тој е еден од најталентираните домашни одбранбени играчи, а со тоа клубот ја продолжува својата пракса за промоција на млади фудбалери во домашниот шампионат.

„Согласно нашата филозофија и визија за фудбалската игра продолжуваме со ангажманот на најголемите македонски таленти. Постигнавме договор за ангажман на Леон Најдовски кој треба во иднина да биде замена за Дарко Велковски. Доведовме квалитетен играч кој сигурен сум ќе биде сериозно освежување за нашите редови следната сезона“ – изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Најдовски веднаш се приклучува на подготовките на тимот во словенечки Чатеж.