shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Успех на првиот тест во Словенија: Работнички го совлада Целје (1-0)

Тимот на Работнички, со победа ги стартуваше летните подготовки во Словенија. „Романтичарите“ со 1-0 го совладаа словенечкиот вицепрвак Целје, а стрелец на победничкиот гол беше Милан Илиевски од слободен удар во 78.минута од средбата. Тој со одличен шут од 25 метри успеал да ја затресе мрежата на Целје.

Работнички беше подобар противник на овој меч, а избраниците на Игор Ангеловски имаа уште неколку убави можности за погодок. Во првиот дел Марјан Алтипармаковски двапати влезе во одлична шанса за да го отвори резултатот, но не беше прецизен, додека во вториот дел се заканија Чума Анене и Емир Саити.

Работнички на дуелот со Целје играше во следниот состав: Ефремов (46’ Божиновски), Силјановски (75’ Мерсовски), Цикарски, Илиевски, Петровиќ, Суад Сахити (75’ Ристовски), Вујчиќ (60’ Емир Сахити), Јовановски (60’ Кире Ристевски), Илијоски (60’ Маркоски), Алтипармаковски (46’ Чума), Митров (46’ Трајчевски).