shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски и Илиевски во глас: Трофејот во Купот е посебна инспирација

Работнички утревечер (20 часот) на арената „Филип Втори“ ќе го игра финалето на Купот на Македонија против тимот на Тетекс. Тим – менаџерот на нашиот состав, Игор Ангеловски, како и Милан Илиевски беа присутни на прес – конференцијата што беше организирана во прес – центарот на арената „Филип Втори“.

„Задоволство е да се учествува во уште едно куп – финале. Кога стигнавме до тука, сигурно дека сакаме и да ја одбраниме трофејот во најмасовното натпреварување. Мотивите се големи, но и не чувствуваме некој преголем притисок дека мораме да стигнеме до триумф. Сепак, овој трофеј има посебен шарм. Го респектираме Тетекс и не очекуваме дека тоа ќе биде екипата која испадна во второлигашка конкуренција, туку мотивиран тим кој апсолутно ќе атакува за освојување на титулата“, изјави Игор Ангеловски.

Милан Илиевски исто така очекува триумф на нашиот тим во утрешното куп – финале.

„Секое финале носи нов голем предизвик. Максимално сме подготвени и се надеваме дека ќе го одбраниме трофејот што ги краси нашите витрини уште од ланската сезона“, изјави Илиевски.