shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елиминација на последниот чекор: Карлос Едуардо го одведе Рубин во групите на Лига Европа

Работнички доживеа елиминација од Рубин Казан во плејоф – колото од Лигата на Европа, откако на реваншот во Русија загуби со 1-0. Карлос Едуардо во 35.минута беше стрелец на победничкиот погодок за рускиот тим, откако доби одлична асистенција од Максим Кануников од левата страна. По ремито во Скопје, овој резултат беше доволен за рускиот клуб да се пласира во групите од ЛЕ.

rubin-kazan-rabotnicki-2
Во составот на Работнички се вратија суспендираните од првиот меч, Баже Илијоски и Душко Трајчевски, како и повредениот Суад Сахити. Кај Рубин Казан две промени, Мауриос Лемос на местото на суспендираниот Руслан Камболов и Владимир Дјадјун во шпицот на нападот, на местото на повредениот Ѓокдениз Карадениз, кој беше и стрелец на мечот во Скопје.

Во десеттата минута Рубин Казан првпат сериозно се закани, и тоа од слободен удар. Магомед Ождоев шутираше од 25 метри во долниот десен агол, но Божиновски одлично одбрани и исфрли во корнер.

Три минути подоцна и Динар Билјалетдинов имаше изгледна можност, но откосо од левата страна шутираше непрецизно.

rubin kazan - rabotnicki

Натпреварот се отвори, а Рубин Казан имаше одлична шанса кога Владимир Дјадјун излезе сам пред Божиновски, шутираше, но голманот на Работнички одлично интервенираше.

Само една минута подоцна, Работнички можеше да постигне погодок. Мите Цикарски нафрли од левата страна, Баже Илијоски беше осамен на пеналтикот, шутираше со глава, но директно во голманот Рижиков.

Веќе во следниот напад уште една голема шанса за Рубин Казан и фантастична реакција на Даниел Божиновски. Рускиот тим одлично одработи во шеснаесетникот, на пет метри осамен беше Динијар Билјалетдинов, но голманот на Работнички спектакуларно одбрани.

Во 23.минута, Владимир Дјадјун се закани и со удар со глава, а Божиновски ја исфрли топката во корнер. Потоа и Карлос Едуардо се обиде од слободен удар, но директно во живиот ѕид на Работнички.

Чума Анене одзема една топка во 31.минта, се одлучи на шут од 25 метри, но Рижиков беше на вистинското место.

Во 35.минута Рубин Казан дојде во водство од 1-0. Максим Кануников продре по левата страна, ја врати топката на пеналтикот, а Карлос Едуардо со прецизен удар ја затресе мрежата на Работнички.

Пред самиот крај на првото полувреме, Кануников упати шут со глава, но топката заврши во надворешниот дел од мрежата, по нафрлувањето на Георгиев од десната страна.

Рубин Казан продолжи со напади и на стартот од вториот дел. Карлос Едуардо нафрли од слободен удар, а Максим Кануников во 47.минута со удар со глава го погоди дирекот од голот на Работнички. Девет минути подоцна шутираше Карлос Едуардо, а Божиновски одбрани и исфрли во корнер.

Како што одминуваше времето, на Работнички му беше потребен погодок, а Рубин Казан се затвори, чекајќи шанса од противнапад.

Чума Анене имаше шанса со удар со глава, откако Кире Маркоски нафрли од левата страна, по грешката на голманот Рижиков, но шутираше непрецизно.

Се обиде и Горан Силјановски со удар од далечина во 81.минута, но топката отиде високо над голот. Сепак, бедемот на рускиот тим беше цврст и непробоен на оваа средба.

РУБИН КАЗАН – РАБОТНИЧКИ 1-0 (1-0) ВКУПЕН РЕЗУЛТАТ 2-1

Централни стадион во Казањ. Гледачи: 4.000. Судија: Хусејин Гочек (Турција). Делегат: Кристијан Веландер (Шведска). Стрелци: Едуардо 35’ (Рубин Казан). Ж. Картони: Кануников, Георгиев (Рубин Казан), Ристевски, Трајчевски, Илијоски (Работнички).

РУБИН КАЗАН: Рижиков, Кузмин, Кверквелиа, Лемос, Котуњо, Георгиев, Ождоев, Билјалетдинов, Едуардо (79’ Портниагин), Кануников, Дјадјун (90’ Батов).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Вујчиќ, Трајчевски (87’ Јованоски), Алтипармаковски, Сахити (46’ Маркоски), Анене, Илијоски.