shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

16 фудбалери од Работнички се дел од националните селекции на Македонија

Пауза во првенството поради настапот на репрезентацијата на Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024. Работнички е горд што има претставник во А-тимот, преку голманот Игор Алексовски, а со задоволство може да истакне и дека поголем дел од фудбалерите во националниот тим во еден период од кариерата играле во нашиот клуб.

Покрај А-тимот, Работнички во моментот има дури 16 фудбалери од различни возрасни категории кои се дел од националните селекции на Македонија.
Во составот на Драги Канатларовски во репрезентацијата на Македонија до 21 година, Работнички е претставен од капитенот Димитар Тодоровски, Стефан Деспотовски и Матеј Ангелов.

Во моментот повикани се и поголем број фудбалери во селекциите на Македонија до 18, 17 и 16 години.

„Секако дека сме горди на оваа голема бројка репрезентативци. Работнички отсекогаш бил расадник на фудбалери кои играле во националните селекции, и сега во А-тимот има многу интернационалци кои во минатото беа дел од клубот, а наша посебна гордост е младинската академија која редовно ‘произведува’ нови репрезентативци“, вели шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.

РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ НА ФК РАБОТНИЧКИ

Игор Алексовски (А-репрезентација)

Димитар Тодоровски (У-21)

Стефан Деспотовски (У-21)

Матеј Ангелов (У-21)

Петар Јакимов (У-18)

Теодор Николовски (У-18)

Мухамед Елмас (У-18)

Никола Величковски (У-18)

Амар Хаџибулиќ (У-17)

Андреј Љубевски (У-17)

Даниел Коцев (У-17)

Алмир Подграѓа (У-17)

Никола Манојлов (У-17)

Јован Башнаков (У-17)

Каменчо Андоновски (У-16)

Беркај Шаини (У-16)