shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Минимален пораз (0-1) од Струга ТЛ

Работнички доживеа минимален пораз (0-1) од Струга Трим Лум во 24.коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим се наоѓа на осмата позиција на табелата со 24 бода.

Во еден борбен натпревар, Работнички имаше свои шанси, но не ги искористи, а погодокот за Струга Трим Лум го постигна Христијан Малески во 28.минута од дуелот.

Во второто полувреме Работнички беше многу подобар тим, но не успеа да стигне до израмнување.