shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Убедлива победа (4-0) против ФК Скопје

Работнички оствари убедлив триумф (4-0) против ФК Скопје во 21.коло од Првата фудбалска лига. По оваа победа, нашиот тим со 24 бода се искачи на седмата позизија на табелата.

Составот на Милан Илиевски доминираше на стадионот во Велес, каде се одигра овој меч. Играч на натпреварот беше капитенот Крсте Велкоски кој постигна хет-трик.

Тој го отвори резултатот во 11.минута, а на почетокот на второто полувреме го удвои водството. Во 68.минута Крсте Велкоски стигна и до хет-трик, а последниот погодок беше дело на Гандо Биала.

Во следното коло, Работнички на 8.март гостува во Тетово и ќе игра против Шкендија.