shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф (0-2) против Победа во Прилеп

Работнички успешно го стартуваше вториот дел од шампионатот во Првата лига. Во 19.коло, тимот на Милан Илиевски славеше со 0-2 на гостувањето кај Победа во Прилеп. Сега Работнички се наоѓа на седмата позиција на табелата со 21 бод.

Работнички беше подобар ривал на денешниот натпревар на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп и заслужено победи. Водството го донесе Дејан Ѓуриќ во 14.минута, кога со удар со глава ја затресе мрежата на Тофилоски, по корнерот од десната страна.

И по водечкиот погодок Работнички ја контролираше играта, а со минимална предност нашиот тим замина на одмор.

Во завршницата од мечот, Победа остана со фудбалер помалку откако Ѓурковиќ грубо стартуваше над Шаркоски. Од слободниот удар, Крсте Велкоски со одличен шут зголеми на 0-2 и донесе прв пролетен триумф.