shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички со триумф (3-0) против Охрид на подготовките

Работнички во пријателски натпревар го победи Охрид Лихнидос со 3-0.

Тимот на Милан Илиевски беше подобар ривал и по првото полувреме обезбеди водство од 2-0. Двоен стрелец беше Анес Рушевиќ.

Во вториот дел, конечниот резултат го постави капитенот Крсте Велкоски.

Следниот тест на Работнички на подготовките ќе биде дуелот со Воска Спорт на 6.февруари.