shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Атхе Мазари потпиша за Работнички

Крилниот напаѓач Атхе Мазари е нов фудбалер на Работнички. Тој потпиша двегодишен договор со нашиот клуб и му се приклучува на тимот на Милан Илиевски.

Мазари доаѓа од редовите на Победа и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од составот.

Офанзивецот во првиот дел од сезоната одигра 16 натпревари во дресот на Победа и постигна четири гола.