shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Маркоски, Стефан Деспотовски и Филип Илиќ се нови „романтичари“

На почетокот на подготовките три нови имиња во тимот на Милан Илиевски. Кире Маркоски, Стефан Деспотовски и Филип Илиќ се нови „романтичари“ кои во вториот дел од сезоната ќе го носат дресот на Работнички.

Кире Маркоски (27) е добро познато лице, повратник во нашиот клуб каде играше во периодот од 2012 до 2018 година. Тој е повремен македонски репрезентативец, член на „златната младинска генерација“ која ја претставуваше Македонија на Европското првенство за фудбалери до 21 година. По заминувањето од Работнички, Кире Маркоски играше за АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава, Академија Пандев, Шкупи, Шкендија и за Вардар.

Стефан Деспотовски (19) е младински репрезентативец на Македонија, настапува на десната бековска позиција, а добро се снаоѓа и како стопер. Тој ја мина младинската школа на Црвена Звезда.

Филип Илиќ (25) ќе ја засили конкуренцијата меѓу голманите. Тој последен пат настапуваше за Вардар, а во кариерата беше член и на ерменскиот Гандазар и на Металург Скопје.