shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (2-4) од Шкупи, неоправдано поништен гол на Рушевиќ

Работнички загуби од Шкупи со 2-4 во натпреварот од 18. првенствено коло, последно во есенскиот дел од шампионатот во Првата лига. Нашиот тим ќе „презими“ на осмата позиција на табелата со 18 освоени бода.

На тешкиот терен за игра на стадионот „Борис Трајковски“ видовме ревија голови. Мора да се напомене дека Работнички е оштетен за регуларен гол во 17.минута кој го постигна Анес Рушевиќ. По корнерот од десната страна, тој беше апсолутно во регуларна позиција, а беше досуден офсајд и на Работнички не му беше признат регуларен гол.

Само четири подоцна, Сандеј Адетунџи зголеми на 0-2, а до крајот на првото полувреме Шкупи обезбеди предност од 0-3. Во 40.минута, Фати Исмаили си постигна автогол.

Во второто полувреме Работнички се врати во игра со двата гола на Методи Максимов. Тој постигна убав гол во 55.минута, а потоа речиси на идентичен начин,  со шут од 16 метри, намали и на 2-3 во 63.минута,

Избраниците на Милан Илиевски тргнаа по израмнување, но Кристијан Трапановски со голот во 79.минута го постави конечниот епилог, 2-4 за Шкупи.