shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Македонија ЃП в недела

Работнички в недела ќе биде домаќин на Македонија ЃП на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Тоа е меч од 16.коло во Првата фудбалска лига, а одредени се и официјалните лица.

Александар Страврев ќе биде главен судија на натпреварот, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески (сите од Скопје). Четврти судија е Ндерим Тефику од Куманово.

За делегат на натпреварот е одреден Илир Бектеши од Струга, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.